Натпреварот од Примера помеѓу Жирона и Реал Мадрид, кој е предвиден за в недела, најверојатно нема да се одигра и истиот ќе биде одложен, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Парламентот на Барселона, која како покраина сака да прогласи независност од Шпанија е главниот проблем за одложување на оваа средба, пред се поради безбедносни причини, затоа што Жирона е дел од Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај ваквите натписи во дел од медиумите, од двата табори истакнуваат дека не размислуваат на такво нешто, туку се концентрираат на мечот кој е закажан за недела.
„Сигурен сум дека обезбедувањето ќе биде на крајно високо ниво и нема потреба да бидеме загрижени. Мора да мислиме на фудбал и на ништо друго. Ова е важен натпревар за нас“, изјави Зинедин Зидан.