Дома Фудбал Англија Пол Сколс „распали“ по Јунајтед, а го изнафали Сити

Пол Сколс „распали“ по Јунајтед, а го изнафали Сити

Зборови кои сигурно нема да бидат оптимистични за навивачите пред почетокот на новата сезона.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс смета дека тимот на Мурињо нема квалитет за титулата, а покрај тоа го пофали и градскиот ривал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Кога ќе го погледнете Манчестер Сити, единствено Ливерпул би можел да им биде конкурент за титулата шампион на Англија. Мислам дека Јунајтед во овој момент не е на нивото на овие два тим, не гледам клуб кој може да ги загрози“.

„Сити е одличен тим со одлични играчи и одличен тренер, имаат веќе препознатлив стил на игра. Јунајтед во овој момент изгледа како да нема ниту план, ниту идеја како да ја организираат играта“.

„Не ги познавате играчите, не го познавате тимот, не знаете што да очекувате од недела во недела. Се надевам дека грешам, но во овој момент Јунајтед не изгледа како тим кој може да стигне до титулата“, изјави Сколс.

Манчестер Јунајтед во петок со натпреварот против Лестер ја отвара новата сезона во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Германскиот БИЛД тврди дека Реал Мадрид има намера да го продаде Винисиус претстојното лет…