На „Камп Ноу” не доби вистина шанса, но наредната сезона би можел да игра потворно на највисоко ниво.
Сандро Рамирез вниманието на големите клубови го привлече уште додека настапуваше за разервниот тим на Каталонците. Минатото лето тој ја напушти Барселона и премина во екипата на Малага.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Шпанецот во дресот на Малага постигна 14 погодоци оваа сезона, а во последните кола ќе има шанса и да го поправи тој учинок.
За Сандро интересот е огромен. Менаџерот на Евертон, Роналд Куман го следеше во натпреварот против Селта, натпревар на кој Сандро стигна до својот 14 погодок оваа сезона, а покрај тоа изнуди и пенал.
Неговата цена е „смешна“ кога ќе се споредат сумите кои денес се трошат на фудбалери. Во неговиот договор има клазула според која тој може да ја напушти Малага за само шест милиони евра.
Но, иако засега „карамелите” се фаворити, интерес покажаа уште и Ливерпул, Саутемптон, Стоук и Тотенхем од Англија, додека од Шпанија тука се Виљареал, Севиља, Атлетико и Валенсија.