Обвинителството на Италија е спремно да покрене обвинение против двајца доктори за кои се смета дека се одговорини за смртта на Давиде Астори.
Смртта на Давиде Астори на почетокот на месец март ја потресе фудбалската јавност во Италија, а осум месеци подоцна пристигна една шокантна информација од Обвинителството во Фиренца.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Обвинителството побара истрага под обвинение за „убиство од небрежност“ против двајцата доктори, кои го прегледале поранешниот капитен на Фиорентина во периодот јули 2016 до јули 2017 година.
И двајцата се вработени од државни болници во Италија, при што едниот во Фиренца, а вториот во Каљари. Лекарите ставиле потписи на медицинските тестови на Астори, со кои на починатиот дефанзивец му се дозволува да практикува спортска активност.
Според весникот „Ла Национе“, двата кардиограми на Астори покажале проблеми со срцето, а од вториот било јасно дека срцето на поранешниот капитен на Фиорентина не работи како што треба, па фудбалерот требало да прекине со секаква спортска активност.