Дома Фудбал Англија Покетино сака враќање во Премиер лигата

Покетино сака враќање во Премиер лигата

После раскинување на соработката со Тотенхем, Маурисио Покетино и натаму е без работа.

Тој беше поврзан со голем број клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но не беше постигнат договор.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Аргентинецот не ја крие желбата да се врати во Премиер лигата.

“Не кријам дека сакам да се вратам во Премиер лигата, но ќе видиме. Свесен сум како е во фудбалот и дека може да има враќање во секој момент. Мора да бидете подготвени за тоа. Верувам дека ме чека нешто фантастично” – рече Покетино.

Уште еднаш се осврна на неговиот поранешен клуб.

„Горд сум на се што постигнав со Тотенхем. Се обидов да внесам некои нови идеи и навистина гледам многу напредок“.

Аргентинецот беше на клупата на лондонскиот клуб од 2014 година и претходната сезона го однесе во финалето на Лигата на шампионите, но потоа клубот падна во голема криза и тој мораше да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неколку европски гиганти добија сериозни казни од УЕФА

Низ неколку од големите екипи во Европа, имаат добиено сериозни финансиски казни од УЕФА з…