Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино раскажува како Меси можел да заигра за ривалот на Барселона

Покетино раскажува како Меси можел да заигра за ривалот на Барселона

messi

Tренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино ќе игра против Барселона во рамките од Лигата на шампионите, а на прес-конференцијата пред овој натпрвеар тој се потсети како Аргентинецот за малку ќе завршел во друг клуб.

Според зборовите на стратегот на Тотенхем, Меси бил блиску до потпис со градскиот ривал на Барселона, Еспањол.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„За Меси прв пат слушнав во деновите кога го бев играч на Еспањол. Сите во клубот, па и луѓето во градот зборуваа за мало момче кое е дел од „Ла Масија“. Тогаш се знаеше само да дека доаѓа од Аргентина и има 13 години“.

„Набрзо потоа се појави и информација дека Еспањол бил многу блиску да го доведе и да потпише договор. Пресуден бил натпреварот против Јувентус кој во тоа време беше предводен од Капело во „Жоан Гампер“ купот. Меси се покажал во најдобро светло на тој натпревар, па во Барселона одлучиле да го задржат и да му дадат шанса“, откри Покетино.

Сето ова се случувало во летото 2005 година кога во Барселона размислувале да го испратат Меси на едногодишна позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Компани: Не искористивме многу шанси, реваншот ќе биде сосема различен!

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, изјави дека неговиот тим во првите 30 минути од натпрев…