Маурисио Покетино и следната сезона ќе го предводи Тотенхем.
Зад себе има одлична сезона, а ова лето се поврзуваше со голем број на клубови. На крајот сепак одлучи да остане во Тотенхем. Признава дека би го напуштил клубот доколку ја освоеше Лигата на Шампионите. Потсетуваме, Тотенхем беше поразен во финалето од Ливерпул со 2:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Веројатно тоа би се случило. Би им дозволил на екипата да си оди во некои нови идеи и да отвори ново поглавје. Размислував често за тоа, но сепак останав. Почувствував дека тоа не е начинот за да си одам. Сега ќе се обидеме да ги повториме успесите од минатата сезона. Тоа ме мотивира“, изјави Покетино.
Mauricio Pochettino was asked why he stayed as #THFC head coach at today’s press conference pic.twitter.com/iz1Xg93gjF
— Simon Peach (@SimonPeach) July 19, 2019