Тотенхем минатата сезона го постигна најголемиот успех во својата историја и се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, но оваа сезона бележе слаби резултати.
Поради тоа разнишана е позицијата на тренерот Покетино, па натпреварот против Вест Хем по интернационалната пауза би можел да биде клучен за неговата иднина во Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, како што пренесува „Телеграф“, Тотенхем мора да победи на дерби пресметката со Вест Хем во спротивно тоа ќе значи крај за Маурисио Покетино на клупата на „спарси“.
Аргентинецот и неговиот клуб започнаа катастрофално оваа сезона и во моментов се наоѓаат на 14-та позиција по 12 кола во Премиер лигата.
Тотенхем е без победа на последните пет лигашки натпревари, а претходно доживеа дебакл од Баерн во Лигата на шампиони.