Дома Фудбал Англија Покетино: Победа над Челзи ќе биде добро за целата Премиер лига!

Покетино: Победа над Челзи ќе биде добро за целата Премиер лига!

Маурисио Покетино смета дека неговиот Тотенхем е нешто слично како Лестер претходната сезона и дека сите „неурални“ љубители на фудбалот ќе навиваат за нив.

Тотенхем во среда на свој терен го дочекува лидерот Челзи, а Покетино тврди дека „за Премиер лигата е важно неговиот тим да го победи Челзи“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Челзи е лидер на табелата со 6 бода пред Ливерпул, но и феноменална низа од 13 победи во низа.

„Челзи е во феноменална форма, но и ние ја пронајдофме вистинската форма во последните натпревари. Тоа ќе биде многу тежок натпревар, но мислам дека имаме одлична прилика за ги запреме и да го намалиме заостанувањето. Важно е за Премиер лигата ние да победиме на тој натпревар. Нашата цел е сезоната да ја завршиме меѓу четирите најдобри тима“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Детали за несреќата во која животот го загуби Жота

По веста за смртта на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота се појавуваат и детали од несреќа…