На Челзи не му оди, но вчера „сините“ успеаа да слават против Астон Вила со 3:1 во ФА Купот, а Покетино истакна дека ова бил нивниот најдобар натпревар од почетокот на сезоната.
На прес-конференцијата Аргентинецот истакна и дека навивачите треба да бидат свесни дека ова не е Челзи од пред 20 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мораме да разбереме дека не сме Челзи од пред 20 години, не сме веке таков тим. Мораме да продолжиме и да работиме на овој проект. Не ме интересира дали луѓето ќе бидат среќни по ваквата изјава. Важно ми е клубот да оди во вистински правец, сакам да им помогнам на моите фудбалери“.
„Не сум ниту среќен, ниту тажен по оваа победа, имаме искуство, ваквиот тип на проект бара време и доверба. Додека градиме конкурентен тим, мораме да поправиме многу работи, мораме да анализирам и да се натпреваруваме. Правиме проект кој може да трае година, две три…Се бориме за навивачите грбот, стручниот штаб. Сега е предизвик да сме константни“, изјави Покетино.