И покрај победата од 6:0 и четирите гола на Кол Палмер, тренерот на Челзи, Маурисио Покетино имаше поради што да биде незадоволен.
Нони Мадуеке и Николас Џексон вчера ја расипаа сликата, изгледаа како да ги интересира само личниот учинок несвесни за големината и имиџот на клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мадуеке и Џексон беа во борба за топката кој сакаше да го земе пеналот на Палмер кој веќе постигна хет-трик. На крајот Палмер го изведе пеналот и го постигнач етвртиот гол .
По натпреварот Маурисио Покетино жестоко ги критикуваше своите фудбалери.
“Следниот пат сите ќе летаат надвор. Не се шегувам, ова е последен пат да се однесуваат вака. Неприфатливо е во еден вака одличен натпревар да гледаме детско однесување. Ако сакаме да бидеме одлична екипа, тогаш ние мора да научиме многу и да прифатиме дека поединците мора да размислуваат за тимот. Последен пат потенцирам дека Кол Палмер е нашиот изведувач на пенали“, заврши Покетино.
Незадоволството не го криеше и Палмер.
„Сакаа да шутираат пенал, но нивното однесување е недозволиво, бидејќи се знае дека јас сум првиот изведувач. Тие претераа, но подоцна се смеевме во соблекувалната“, изјави Палмер.