„Скај Спорт“ во денешното издание пренесува дека Пеп Гвардиола и Маурисио Покетино се заинтересирани за младиот фудбалер за врска кој настапува Лориент.
Матео Гиендузи има 18 години и настапува за Лориент, одигра осум натпревари во Лига 1, а оваа сезона е релативно стандарден фудбалер во тимот кој посакува да се врати во елитата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што по изгледот потсетува на Маруан Фелаини. Гиендузи носи иста фризура како и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, можеби и му е идол, бидејќи како и Фелаини и тој е дете на емигранти од Мароко.
И покрај мароканското потекло, Гиендузи ги бранеше боите на репрезентацијата на Франција во младинските категории.
Тој има договор со Лориен до јуни 2019 година, а неговата моментална вредност на трансфер пазарот изнесува околу 800.000 евра.
Manchester City and Tottenham are both keen on 18-year old FC Lorient midfielder Matteo Guendouzi. (Source: SkySports) pic.twitter.com/QMZ5JzB68d
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 11, 2017