Тимот на Тотенхем и оваа сезона игра многу добар фудбал, но повторно им недостасува нешто за да направат исчекор и веројатно повторно ќе останат без освоен трофеј.
Оваа година „спарси“ во Лигата на шампиони дојдоа до полуфиналето, каде во првиот меч загубија од Ајакс на домашен терен со 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Премиер лигата се наоѓаат на третото место и не можеа да влезат во борба за титулата, а многумина сметаат дека тоа е поради фактот што не донесоа засилувања.
Се чини дека тоа конечно го сфати и Покетино, па испрати „интресна“ порака до раководството.
„Доколку сакате да имате поубава куќа, можеби треба да го промените мебелот“, изјави Аргентинецот алудирајќи на нови засилувања.
Покетино најверојатно ќе остане на кормилото на Тотенхем и следната сезона, па останува да видиме дали ова лето ќе му бидат донесени засилувања.