Дома Фудбал Англија Покетино искрено: Јас не одлучувам за трансферите!

Покетино искрено: Јас не одлучувам за трансферите!

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино тврди дека тој не е одговорен за трансферите на клубот.

Тој јавно повика на промена на името на неговата позиција од менаџер во тренер, бидејќи не одлучува во купувањето и продажба на играчите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Можеби клубот сега треба да го смени името на мојата позиција, затоа што во моментот моја работа е да го тренирам тимот. Прашањето за трансферите не треба да биде упатено кон мене. Ова е прашање за клубот и можеби од таму ќе го сменат името на моето работно место“.

„Јас не сум одговорен за тоа. Не знам ништо за ситуацијата на моите играчи. Само ги тренирам, обидувајќи се да го извлечам најдоброто од нив. Дали нешто ќе се случи или не, продажба или купување играчи, продолжување или не на договори, тоа не е во мои раце, туку кај клубот и Даниел Леви“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…