Дома Фудбал Покетино е прв избор на Флорентино Перез

Покетино е прв избор на Флорентино Перез

На Карло Анчелоти му се „тресе“ столчето во Реал Мадрид после низата на лоши резултати, па би можел да добие отказ, пренесуваат шпанските медиуми.

По поразот од Барселона во финалето на Суперкупот раководството почнало да ја губи довербата, а наводно и атмосферата во соблекувалната не е на високо ниво.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Прв избор е Маурисио Покетино, кој е слободен после отказот кој го доби во ПСЖ и секако дека не би одбил понуда од „кралскиот“ клуб.

„Марка“ тврди дека дури и Анчелоти да ја заврши сезоната, на лето секако ќе има тренерска смена, па поради тоа „кралевите“ веќе стапиле во контакт со Покетино.

Покетино во Шпанија со голем успех го предводеше Еспањол од 2009 до 2012 година после што се пресели во Премиер лигата каде што беше дел од Саутемптон и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк се извини на навивачите за настапот на тимот против …