Дома Фудбал Франција Покетино: Ако сакате на некого да му објасните што е фудбал само му го покажувате Меси

Покетино: Ако сакате на некого да му објасните што е фудбал само му го покажувате Меси

ПСЖ во текот на неделата која изминува оствари важна победа против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, сега пред Покетино и друштвото е натпреварот во Лига 1.

На прес-конференцијата тренерот на ПСЖ зборуваше за ситуацијата на Лионел Меси. Аргентинецот против Реал Мадрид промаши пенал и се најде на удар на француските критичари. Од аналитичарите Меси беше помеѓу играчите кои добија најниски оценки.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покетино застана во одбрана на Аргентинецот.

„Лионел Меси е најдобар играч во светот, тој има доволно искуство и знае како треба. Едноставно Меси е фудбал, ако сакате на некого да му објасните што е фудбал само му го покажувате Меси“.

„Сигурно дека промашениот пенал нема да влијае на неговата самодоверба, тоа е невозможно. Тој што мисли така не разбира фудбал. Задоволен сум од тоа како тимот функционираше во тој натпревар“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…