Дома Фудбал Англија Познат фаворитот за наследник на Клоп

Познат фаворитот за наследник на Клоп

Јирген Клоп ги минува последните месеци на клупата на Ливерпул, па клубот е во потрага по нов тренер.

На врвот на листата желби е Чаби Алонсо од Леверкузен, но Шпанецот е многу поблиску до преселба во Баерн Минхен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради тоа „црвените“ се насочуваат кон Роберто де Зерби, кој со голем успех го води Брајтон.

Италијанецот добива комплименти и од неговите колеги, па се очекува на лето да направи чекор напред во кариерата и да седне на кормилото на голем клуб.

Сега сериозно во трката за неговиот потпис се вклучи Ливерпул, а како алтернатива се споменува и Јулијан Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал одби изненадувачка понуда од Реал за трампа

Управата на Арсенал веднаш ја одбила можноста да го размени Вилијам Салиба за крилниот игр…