Дома Трансфер зона Познат точниот датум кога Јувентус ќе го потврди трансферот на Емре Чан!

Познат точниот датум кога Јувентус ќе го потврди трансферот на Емре Чан!

Италијанските медиуми тврдат дека повеќе нема дилеми, дури и тврдат дека го знаат точниот датум кога Емре Чан ќе потпише договор со Јувентус.

Од поодамна добро познато е дека Германецот на кого му истекува договорот е во преговори со Јувентус, а во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека пристигнува во редовите на старо-новиот шампион на Италија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ денес излегува со нова вест – точниот датум кога Јувентус ќе го објави трансферот на Германецот.

Реномираниот италијански медиум открива дека трансферот од Јувентус официјално ќе биде потврден само еден ден после финалето во Лигата на шампионите, односно 27 мај.

Од друга страна во текстот се наведува дека пристигнувањето на Чан значи и заминување на неговиот сонародник од редовите на Јувентус, Сами Кедира кој наводно има понуди од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…