Дома Топ вести Постигнат договор, легендата ќе го наследи Куман

Постигнат договор, легендата ќе го наследи Куман

После вчерашниот пораз од Рајо Валекано, Барселона му врачи отказ на тренерот Роналд Куман и ја започна потрагата по нов кормилар.

Каталонските медиуми пренесуваат дека прв фаворит за тренерското столче на Камп Ноу е легендата Чави Ернандес.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Чави веќе шест години е дел од катарскиот Ал Сад, првите три години како играч, а последните три како тренер и има голем успех освојувајќи седум трофеи и моментно се наоѓа во серија од 34 натпревари без пораз.

Поранешниот капитен на клубот наводно уште синоќа разговарал со Лапорта и се согласил да се врати во клубот и да започне реконструкција на тимот.

Чави наводно веќе дал инструкции на раководството, а првото барање е да биде задржан Осман Дембеле во тимот.

Чави договорот со Ал Сад има клаузула, која му дозволува да ја напушти клупата доколку добие понуда од Барселона. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …