Кристоф Галтие го напушти кормилото на Пари Сен Жермен, а „светците“ веќе ја почнаа потрагата по нов тренер.
Француските медиуми најавуваат дека најголеми шанси за преземање на екипата има поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор, Луис Енрике.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ веќе е во напредни преговори со Луис Енрике и се очекува во наредните денови Шпанецот официјално да биде промовиран во нов кормилар на тимот.
Многу имиња се поврзуваа со клупата на „светците“, но еминентниот „Екип“ потврди дека изборот паднал на Луис Енрике и дека двете страни постигнале начелен договор.
Paris Saint-Germain are in advanced talks to appoint Luis Enrique as new head coach — as per L’Équipe. 🚨🔴🔵 #PSG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 18, 2023
PSG cautious after Nagelsmann deal collapsed but Luis Enrique has already accepted.
Talks now on about staff and clauses.
‘No comment’ from Luis Enrique’s camp. pic.twitter.com/QB1XKCoUkx