Изгледа дела Ливерпул постигна нов договор, работите се одвиваат во добар правец и како што се пренесува прашање е само денови кога се ќе биде завршено…
Познатиот новинар Мутаз Чехаде на својот Твитер профил објави дека практично се е готово и дека само прашање на време е кога Ливерпул ќе го објави новиот трансфер.
Nabil Fekir to Liverpool is a done deal. Announcement expected in the upcoming days.
— Mootaz Chehade (@MHChehade) May 30, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Набил Фекир чека да бидат договорени и последните детали помеѓу Ливерпул и Лион, Чехаде на почетокот на мај објави дека преговорите добро напредуваат и дека самиот Фекир веќе го договорил трансфер, а со вчерашниот твит практично потврди дека се е готово.
Фекир игра во фантастична форма оваа сезона и на 40 натпревари постигна 23 погодоци и забележа осум асистенции.
Се работи за фудбалер кој се очекува да биде огромно засилување, може да игра како офанзивен играч за врска и во самиот шпиц, а многумина во него гледаат идеален наследник на Кутињо кој го напушти Ливерпул во јануари.
Цената би требало да изнесува околу 60 милиони евра и дополнителни бонуси со што се очекува да се задоволат апетите на сопственикот на Лион.