Вчера беше потврдено дека еден кошаркар на Реал Мадрид е позитивен на коронавирус, а денес е откриен и неговиот идентитет.
Станува збор за 29-годишниот Треј Томпкинс кој е позитивен на Ковид-19. Поради тоа и кошаркарскиот и фудбалскиот тим на Реал Мадрид се во карантин бидејќи тренираат во ист тренинг центар.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Томпкинс е член на Реал Мадрид од 2015 година и од тогаш со „кралскиот“ клуб ги освојуваше титулите во Евролигата и во шампионатот на Шпанија. Игра на позицијата крилен центар, а кариерата ја започна во Лос Анџелес Клиперс, кој го избра како 37 пик на драфтот во НБА лигата во 2011 година.