Дома Трансфер зона Познато кога Артур пристигнува на прегледи во Торино

Познато кога Артур пристигнува на прегледи во Торино

Размената помеѓу Барселона и Јувентус, Пјаниќ-Артур е пред реализација тоа е веќе јасно.

Најблиските медиуми и новинари до двата клуба веќе потврдија дека се е завршено. Артур оди во Торино, а Барселона го добива Пјаниќ и 10 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес „Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона му дала дозвола на Артур викендов да пристигне во Торино и да ги помине лекарските прегледи. Според информациите од истиот извор тој ќе го одигра натпреварот против Селта која е на распоред утре, а потоаќ е се упати кон Италија.

Откако Артур ќе ги заврши прегледите во Торино ќе се врати во Барселона да ја доигра сезоната.

Се верува дека до крајот на Ла Лига Артур ќе има повеќе простор за игра во средниот ред бидејќи поради повреди надвор од тимот на Барса се Бускетс и Френки Де Јонг.

Инаку, Артур во Барселона во текот на сезоната баш и не беше прва опција и во актуелната сезона пропушти 11 натпревари во Ла Лига. Вкупно запиша 27 настапи и постигна четири гола, додаде и толку асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…