Дома Трансфер зона Познато каква откупна клазула има Де Лихт во договорот со Јувентус

Познато каква откупна клазула има Де Лихт во договорот со Јувентус

Во последно време се појавија шпекулации дека Матијас Де Лихт би можел да ја промени средината.

Де Лихт во редовите на „старата дама“ пристигна како големо засилување од Ајакс, но не е премногу задоволен од резултатите на клубот од Торино.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Пред неколку дена се појавија шпекулации во италијанските медиуми дека Де Лихт сака да се пресели во Барселона која и се обидуваше да го доведе уште додека беше во Ајакс.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека тешко е да се очекува Де Лихт ова лето да замине од Јувентус.

Тој откри дека Холанѓанецот има откупна клазула од 150 милиони евра, но таа ќе биде активна во летото 2022 година. Јувентус засега не сака да го продаде затоа што го смета за еден од поважните играчи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…