Дома Топ вести Познатиот шпански судија тврди: Голот на Лајпциг требаше да важи!

Познатиот шпански судија тврди: Голот на Лајпциг требаше да важи!

Реал Мадрид славеше минимана победа од 0:1 против Лајпциг во осминафиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа многу се коментира поништениот гол на Германците.

На „Ред Бул Арената“ прва се затресе мрежата на „кралевите“, но тој гол на Шешко се поништи поради офсајд и голем дел од јавноста смета дека германскиот тим бил оштетен во таа ситуација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Познатиот шпански судија, Матеу Лахоз даде свое мислење и тврди дека погодокот не требало да се поништи.

„На теренот може да се погреши, но затоа тука е ВАР. Ова е лудо. Реал Мадрид имаше среќа, лудо е да се поништи гол поради такво нешто. Ова не е фудбалот. Голот на Лајпциг требаше да важи“, изјави Лахоз.

Подоцна во натпреварот Брахим Дијаз го постигна победничкиот гол за Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кристијано го убедува Каземиро да го избере него пред Меси

Кристијано Роналдо се обидува да го убеди неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид и Манч…