Дома Топ вести Познатиот светски медиум тврди: Икарди е пред ГОЛЕМ трансфер во НАЈГОЛЕМИОТ клуб

Познатиот светски медиум тврди: Икарди е пред ГОЛЕМ трансфер во НАЈГОЛЕМИОТ клуб

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди се наоѓа пред голем трансфер.

Како што пишува францускиот „L`equipe“, аргентинскиот фудбалер е многу блиску до трансфер во редовите на Реал Мадрид и тој до крајот на јануари би можело да го облече дресот на „Кралевите“. Наводно, Икарди одржал разговори со претставниците на Реал на крајот на минатата година. Тој е заинтересиран за доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“, но многу се прашува и Интер со кого одличниот напаѓач има договор до 2021. година.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, голема е можноста до трансфер да дојде. Во Реал бараат прв напаѓач за својот тим, бидејќи Карим Бензема е во огромна криза веќе долго време и на неа не се гледа крајот. Икарди секако би бил големо засилување за Реал. Би имал право за настап во Лигата на Шампионите, а бројката од 17 гола во 21 натпревари оваа сезона доволно говори во каква форма се наоѓа Аргентинецот.

Неговата пазарна вредност се проценува на 75 милиони евра, а Интер за неговите услуги би можел да бара многу повеќе пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Јувентус: Бремер во „аут“ до крајот на сезоната?!

Eкипата на Јувентус одлично ја започна новата сезона. „Старата дама“ се уште нема примено …