Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Ориги не ги оправда очекувањата, па Милан сака да донесе млад и перспективен напаѓач.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Тутоспорт“ открива дека прва желба на „росонерите“ ќе биде Џонатан Дејвид од Лил, кој игра уште една одлична сезона.
23-годишниот Канаѓанец оваа сезона има постигнато 21 гола и 4 асистенции, па е мета на многу клубови ширум Европа.
Италијанскиот гигант веќе работи на трансферот и е спремен да понуди 50 милиони евра, а и самиот Дејвид сака да го напушти Лил и да направи чекор напред во кариерата.