Дома Трансфер зона Позната најголемата летна желба на Чави

Позната најголемата летна желба на Чави

Зимскиот трансфер период само што заврши, а Барселона не губи време во плановите за летните засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После доаѓањето на Феран Торес, Обамејанг и Адама Траоре, главна цел на Барселона во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната.

Каталонците сакаат да донесат долгорочна замена за Жерар Пике, кој најавува крај на кариерата, а  најголема желба на тренерот Чави е дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде.

Кунде е на мета на многу европски гиганти и има откупна клаузула од 80 милиони евра, па јасно е дека за Барселона тоа ќе биде голема инвестиција.

Чави го убедува Лапорта да се откаже од доведување на голема ѕвезда во нападот како Халанд и да се насочи кон реализација на трансферот на Кунде, кој има само 23 години и може долги години да биде столб на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…