Ѕвездата на на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го напушти клубот како слободен играч на лето.
Погба одбива да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, кој истекува на лето, па уште сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„ЕСПН“ пренесува дека ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Погба и сака да го донесе на лето како слободен агент.
ПСЖ му нуди плата од 600.000 евра неделно доколку Погба без обештетување пристигне во Париз.
Медиумот тврди дека двете страни се блиску до договор и во моментов „светците“ се во пол-позиција за неговиот потпис.