Дома Топ вести Позната главната трансфер цел на Јувентус

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Ѕвездата на Рома, Николо Заниоло ќе биде главна трансфер цел на Јувентус на лето, пренесува „Тутоспорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се поизвесно е дека Дибала ќе си замине на крајот на сезоната, бидејќи Јувентус не сака да ги задоволи неговите финансиски барања.

„Бјанконерите“ сметаат дека Заниоло би бил идеална замена за Аргентинецот и во 22-годишниот Италијанец гледаат одличен тандем со Влаховиќ.

Заниоло важи за голем италијански талент, но Рома најверојатно нема да се противи на неговото заминување бидејќи Мурињо го критикуваше во неколку наврати.

Јувентус сепак ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Италијанецот постои интерес од неколку европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…