Дома Топ вести Податок кој ја шокираше Барселона: Еве колку луѓе во Каталонија навиваат за Реал!

Податок кој ја шокираше Барселона: Еве колку луѓе во Каталонија навиваат за Реал!

Секој трет жител на Каталонија е навивач на Барселона, но сите навивачи на клубот од „Камп Ноу“ ги изненади истражувањето кое го покажа бројот на навивачите на Реал Мадрид во таа покраина.

За Барселона навиваат 77,5% од Каталонците, а втор клуб според бројот на навивачи не е градскиот ривал Еспањол туку Реал Мадрид. Имено, за најголемиот ривал на Барса навиваат дури 10% од жителите на Каталонија, која според последниот попис има повеќе од 7 милиони жители.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За Еспањол навиваат 3,6% од населението во Каталонија, на четврто место е Атлетик Билбао со 1,4%, а Атлетико Мадрид е петти со 1,2 %.

Интересно, истражувањето покажа дека 55% од Каталонците се горди или многу горди на резултатите на шпанската репрезентација додека останатите се рамнодушни на резултатите на „црвената фурија“,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нема повеќе дилема: Позната е следната дестинација на Салах!?

Следниот потег во кариерата на Мо Салах станува сѐ појасен откако претходно беше објавено …