Дома Фудбал Останато Погребната церемонија за Пеле ќе трае 24 часа

Погребната церемонија за Пеле ќе трае 24 часа

Легендарниот Пеле вчера во болницата „Алберт Ајнштајн“ ја загуби битката со ракот и почина на 82-годишна возраст, а веќе е познато кога ќе се одржи погребната церемонија која ќе трае 24 часа.

Потврдено е дека телото на Пеле ќе биде изложено на стадионот на Сантос „Вила Белмиро“ во 10 часот по локално време во понеделник и таму ќе остане до 10 часот следниот ден. Во тој период навивачите ќе можат да го допрат ковчегот со телото на бразилската легенда и да се простат од него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што се најавува на настанот ќе присуствуваат поранешни и сегашни спортисти, како и врвот на бразилската држава.

По изнесувањето од стадионот ковчегот ќе помине низ улиците на Сантос до местото каде што ќе биде погребан, во близина на споменикот „Вселенската некропола“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не им беше важно кој е: Ѕвездата на Арсенал доби казна од полицијата, остана без возачка

Играчот од средниот ред на Арсенал Деклан Рајс доби шестмесечна забрана за возење, откако …