ХЈУСТОН ДИНАМО го победи Интер Мајами со 2:1 во финалето на УС Опен купот и со тоа ја освои својата втора титула во ова натпреварување.
Работата на играчите на тимот на Хјустон им беше олеснета бидејќи на овој натпревар за тимот од Флорида не настапија Лионел Меси и Жорди Алба.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, иако поради повредата не можеше да ја воодушеви публиката на трибините, Меси предизвика воодушевување кај децата во моментот кога поминуваше покрај нив.
Славниот Аргентинец досега има 12 настапи за Интер Мајами, постигнувајќи 11 гола и пет асистенции.
На тие средби неговиот тим победи на 11 натпревари и забележа едно реми.