Српските олимпијци добија спектакуларен пречек во својата татковина. Домаќин прво им беше претседателот на Србија Александар Вучиќ, а потоа излегоа на балконот, каде насобраната толпа ги пречека. Според информациите на РТС, на пречекот се собрале повеќе од 40.000 луѓе.
„МВП, МВП, МВП“, скандира толпата кога на балконот се појави Никола Јокиќ. Да потсетиме Србија ОИ ги заврши со пет освоени медали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Големо воодушевување предизвика и Ѓоковиќ, кој доживеа многу вакви дочекувања во Србија, но сега за првпат дома го донесе олимпиското злато. Во еден момент масата навивачи почна да скандира „Рио Тинто, марш од Србија“, при што Ѓоковиќ ја крена тупаницата високо, а видеото можете да го погледнете во продолжение.
Đoković, dok se skandira Rio Tinto marš iz Srbije. Ko ima informer tv neka vrati na 9.08h 😉 pic.twitter.com/BblTrTcdPp
— Duško Jovanović (@JovanovicDusko) August 12, 2024