Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо и следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул.
Оваа вест предизвика многу задоволство кај навивачите на тимот од „Енфилд“, а улога во останувањето на овој фудбалер одигра менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добро е познато дека Кутињо имаше големи понуди од Барселона и Баерн, но првиот стрелец на Ливерпул оваа сезона одлучил да остане, благодарение на Клоп.
Клоп со само една реченица го убедил Бразилецот да остане во редовите на англискиот гигант, а таа реченица игледала вака:
„Можеш да останеш овде и на крајот да добиеш споменик во своја чест или да си заминеш во Барселона, Баерн или Реал и да бидеш само еден од играчите“, му рекол германскиот стратег на својот најдобар фудбалер.
На крајот, оваа реченица го предомислила Кутињо да остане во Ливерпул и следната сезона. Кутињо е член на Ливерпул од 2013. година, а оваа сезона постигна 14 гола со девет асистенции во 36 одиграни натпревари.