Кристиано Роналдо веќе подолго време за многумина е најдобар играч во светот, додека за Килијан Мбапе се очекува најдобрите денови во кариерата допрва да дојдат.
Мбапе како дете му се воодушевуваше на Роналдо, а сега има прилика да игра против славниот Португалец. Така беше и вчера во натпреварот помеѓу Франција и Португалија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој е мој херој од детството и беше преубаво што се сретнавме во тренинг кампоот Валдебебас“, изјави Мбапе пред три години за „Марка“.
Во меѓувреме Мбапе стана светска суперѕвезда, беше шампион со Франција, но далеку од тоа дека престана да му се воодушевува на Роналдо. Од друга страна Роналдо покажа дека го почитува неговиот помалд колега.
Беше интересно да се види нивната средба на почетокот на второто полувреме од вчерашниот натпревар.
Cristiano Ronaldo with Mbappe. pic.twitter.com/p5If0OPcxh
— TC. (@totalcristiano) October 11, 2020