Инцидентот помеѓу Себастија Фетел и Макс Верстапен ја одбележи денешната трка на Формула 1 во Силверстоун.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во 37. круг Фетел се обиде да го помине Верстапен и да дојде до третата позиција, но се што успеа е да се удри во неговиот болид, по што следуваше излетување на двата болида од трката.
Фетел на крајот беше возачот кој полошо помина. Трката ја заврши на 16. место, додека Верстапен успеа да дојде до бодови и неговиот Ред Бул низ целта помина како петти.
Во Силверстоун победа славеше актуелниот светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес, а зад себе ги остави клубскиот колега Ботас, додека честа на Ферари ја спаси Леклерк кој заврши како трети.
*That* collision ?#BritishGP ?? #F1 pic.twitter.com/iJTkfTK0nL
— Formula 1 (@F1) July 14, 2019