Манчестер Јунајтед со победа од 1:0 против Вулверхемптон пред своите навивачи на Олд Трафорд ја отвори НОВАТА сезона во англиската Премиер лига.
Искусниот француски стопер и поранешен светски шампион Рафаел Варан им донесе три бода на тимот на Ерик тен Хаг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Спротивно на очекувањата, според кои Јунајтед беше голем фаворит, се играше прилично изедначено, а Варан со глава ја проби одбраната на Волците во 76. минута.
Французинот, нетипичен за својата позиција, налета во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата која му ја сервираше Арон Ван-Бисака.
Погодокот погледнете го ТУКА
Минатата сезона Јунајтед ја заврши како третопласирана екипа на табелата и оваа година сигурно ќе очекува да биде на самиот врв на англискиот премиерлигаш.
Следниот викенд во 2. коло ќе ги одмери силите со Тотенхем во Лондон.