Дома Топ вести Погба со барање до Раиола: Врати ме во Јувентус!

Погба со барање до Раиола: Врати ме во Јувентус!

Пол Погба и неговото враќање во Јувентус. Тоа дефинитивно е приказна која повторно стана актуелна ова лето, само прашање е колку е реална.

Овој пат за иднината на Погба пишуваше шпанска „Марка“.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Добрите настапи на Мундијалот ја вратија самодовербата на Погба кој наводно неколку пати им се доверил на пријателите дека негова желба е да се врати во Јувентус. И не само тоа, побарал од Мино Раиола тоа да им го пренесе на двата клуба.

Исто така дополнителен мотив за Погба е пристигнувањето на Кристиано Роналдо во Јуветус. Французинот би сакал да биде соиграч со еден од најдобрите фудбалери на денешницата и заедно да се обидат на Јувентус конечно да му го донесат трофејот во Лигата на шампионите.

Според, „Марка“ на Погба не му претставува проблем и фактот што пред само две години Јувентус го продаде на Манчестер Јунајтед за сума од 114 милиони евра. Факт е дека Французинот во дресот на Јунајтед само на моменти прикажуваше настапи како оние од дресот на Јувентус.

Покрај Јувентус како потенцијална дестинација на Погба се споменуваше Барселона, но Каталонците тоа го демантираа, „старата дама“ засега тоа не го направила.
Од друга страна Јунајтед не сака лесно да се откаже од Погба и очигледно дека Французинот го чека борба за управата на Јунајтед и Мурињо ако навистина сака да се врати во Торино.

Тука клучна улога би можел да одигра Раиола и неговата способност на убедување. Наводно, се споменува и клазула според која Јувентус може да го врати Погба за 60 милиони евра.

Погба во дресот на Јунајтед одигра 88 натпревари и постигна 15 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…