На Пол Погба му здосади да чита за наводни проблеми со Мурињо и уште една повтори дека тоа се само шпекулации.
Францускиот репрезентативец според наводите на некои медиуми, е во лоши односи со Мурињо, но по се изгледа Погба и неговиот менаџер се во добри односи, иако е чудно што овој играч од последните 15 натпревари само на шест беше стартер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Моментално сум во Манчестер Јунајтед и размислува само за сегашноста. Нема потреба да размислувам за иднината. Мојата глава не е оптеретена со трансфери. Нема смисла да го слушам ова.“ – изјави Погба и додаде:
„Немам апсолутно никакви проблеми со Мурињо. Тој е тренер, тој го прави изборот, јас како играч тоа секогаш го почитувам и тоа е се.“
Погба одигра 90 минути во победата од 2:1 над Тотенхем во полуфиналето од ФА купот, а во финалето Црвените ѓаволи ќе играат против Челси, кој со 2:0 го совлада Саутемптон.