Дома Фудбал Англија Погба: Манчестер Јунајтед сега е вистински тим

Погба: Манчестер Јунајтед сега е вистински тим

Пол Погба е задоволен од прогресот кој го прави Манчестер Јунајтед и тврди дека неговиот тим сега го има потребниот баланс и се движи во вистинска насока.

„Сега можеме да се наречене вистински тим. Порано бевме премногу дефанзивни или премногу офанзивни и немавме баланс на теренот. Сега се гледа дека имаме баланс, напредокот е огромен“,смета Погба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Денес „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Саутемптон и ако не загубат ќе ја продолжат серијата од 17 меча без пораз во сите натпреварувања.

„Има уште многу работа, не сме готов тим, но сме на вистинскиот пат. Ако продолжиме вака мислам дека ништо не може да не спречи да бидеме таму каде што припаѓа овој клуб. Одлично се чувствуваме, таков е менталитетот кога имаш добри резултати“, додаде Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јуве му го раскинува договрот на Влаховиќ, Барса ја користи ситуацијата

Неодамна беше откриено дека Јувентус планира да го раскине договорот со Влаховиќ за да се …