Дома Топ вести Погба е спремен да слушне понуди и од други англиски клубови

Погба е спремен да слушне понуди и од други англиски клубови

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е спремен да слушне понуди и од други англиски клубови бидејќи неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Погба со Јунајтед истекува на крајот на сезоната и засега нема индикации дека ќе биде продолжен, па готово сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Се тврди дека ПСЖ, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се главни кандидати за неговиот потпис, но сега медиумите откриваат дека Погба е спремен да потпише за друг клуб од Премиер лигата.

Французинот сака да ги слушне апсолутно сите можности, пред да донесе конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Англиските медиуми тврдат дека градскиот ривал Манчестер Сити ќе се обиде да направи сензационален трансфер, а интерес за Погба покажува и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…