Ѕвездата на на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го напушти клубот како слободен играч на лето, пренесува „ЕСПН“.
Погба одбива да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Неговата намера е да го одработи договорот до крај и на лето да си замина како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„ЕСПН“ пренесува дека ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Погба и сака да го донесе на лето како слободен агент.
28-годишниот Французин оваа сезона запиша 13 натпревари за Манчестер Јунајтед и забележа седум асистенции, а веќе подолго време е надвор од терените поради повреда.
Иако „црвените ѓаволи“ му доставија неколку богати понуди за продолжување на соработката, сепак Погба донел конечна одлука да си замине на крајот на сезоната.
Покрај ПСЖ интерес за Погба покажуваат уште Реал Мадрид и Јувентус, па се уште не е јасно каде ќе ја продоли кариерата.