Дома Фудбал Англија Погба го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед!

Погба го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед!

Aнглиските медиуми објавија дека Пол Погба го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, наводно во Јунајтед ја искористиле клазулата која Французинот ја има во договорот и ја продолжиле соработката на уште една година.

Така договорот на Погба истекува во јуни 2020 година, а во Јунајтед се одлучиле на ваков потег откако Погба изјави дека се надева дека еден ден ќе заигра за Реал Мадрид.

Погба во Манчестер Јунајтед се врати во 2016 година, платен беше дури 89 милиони фунти.

Ќе видиме дали Погба ќе потпише нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед или на крајот ќе заврши во Реал Мадрид.

Инаку информацијата на англиските медиуми се поклопува со изјавата на Солскјер дека Погба ќе остане во клубот уште две години.

„Пол е наш играч и ќе биде тука уште две години. Сигурен сум дека Пол е насочен кон Манчестер Јунајтед“, гласеше изјавата на Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…