Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино би можел да се врати во Ла Лига и тоа на клупата на Севиља.
Како што пренесува „Естадио Депортиво“ Покетино бил контактирал од клубот од Андалузија кој наводно сака да се раздели со Јулијен Лопетеги после лошиот почеток на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Севиља има само еден бод после четири одиграни кола во Ла Лига и ако нешто не се промени нешто брзо Лопетеги ќе остане без работа. Како прв фаворит во овој момент важи Покетино кој е без работа откако си замина од ПСЖ на почетокот на опва лето.
Летово доби повик од Атлетик Билбао, но одби да ги преземе со објаснување дека сака да одмори барем една сезона. Ќе видиме дали Мончи би можел да го убеди ако и дефинитивно Лопетеги биде отпуштен.
Покетинот во Шпанија со голем успех го предводеше Еспањол од 2009 до 2012 година после што се пресели во Премиер лигата каде што беше дел од Саутемптон и Тотенхем.