Челси не се откажува од клупската политика.
Го прекршија правилото според кое не купуваа играчи постари од 30 години, но барем успеаа да го убедат Жиру на релативно краток договор. „Сините“ сепак го одработија најважноти и на Антонио Конте му обезбедија напаѓач кој со Алваро Мората ќе се бори за местото во нападот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот беше постигнат за сума од 20 милиони фунти односно 22 милиони евра, а Жиру ќе потпише договор на дополнителна една година, доколку двете страни бидат задоволни.
Да потсетиме, таков ангажман претходно одби Един Џеко кој од Челси бараше неговиот статус да го изедначи со оној кој го има во Рома, договор до 2020 година. Меѓутоа Челси по традиција на фудбалерите постари од 30 години има дава договор на само една сезона или пак на сезона ипол кога договорот се потпишува во зимскиот преоден рок, каков што е случајот со Жиру.