Откако во претходниот период ПСЖ ги потврди трансферите на Ашраф Хакими и Серхио Рамос, следен кој ќе биде претставен е голманот Џанлуиџи Донарума.
Трансферот на Донарума во Париз се најавува подолго време, а сега сите сомнежи се отстранети затоа што Марко Верати потврди дека неговиот сонаородник ќе игра за ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Верати е среќен што Донарума ќе му биде соиграч во ПСЖ.
„Донарума е фантастичен голман и заслужува да игра во врвен клуб кој се бори за освојување на Лигата на шампионите. Среќен сум што ќе бидеме соиграчи и во ПСЖ“, изјави Верати.
Официјализација на трансферот сигурно ќе следува после неделното финале на Европското првенство во кое
Донарума со својата Италија ќе игра за трофејот.