Дома Останати Кошарка НБА Победа на Денвер и нов дабл-дабл на Јокиќ 🎥

Победа на Денвер и нов дабл-дабл на Јокиќ 🎥

Никола Јокиќ продолжува да игра со МВП форма и е најсериозниот кандидат за ова признание во регуларниот дел од сезоната.

Во победата на Денвер над Ла Клиперси од 127:115 Јокиќ беше прво име на натпреварот и мечот го заврши со дабл-дабл учинок. Јокиќ постигна 30 поени, имаше 14 скокови и додаде уште шест асистенции. Кај поразените со 24 поени се истакна Терансе Ман.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Јанис Антетокумпо исто така имаше своја ноќ, а Милвоки го разбија Чикаго со 126:98. Антетокумпо на крајот имаше 15 поени поени, 17 скокови и 5 асистенции. Кај Булси подобар од останатите беше Никола Вучевиќ со 22 поени.

Голден Стејт Вориорси го запишаа третиот пораз во низа на гостувањето кај Орландо со 94:90. Гостинска победa запиша и Атланта Хокс над Њујорк Никси 111:117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…