Дома Македонски спорт Мак фудбал Победа за крај го донесе стоперскиот тандем Велкоски – Петкоски

Победа за крај го донесе стоперскиот тандем Велкоски – Петкоски

Приепскиот прволигаш Победа на ден пред завршувањето на зимскиот преоден рок го официјализира ангажманот на двајца млади централни дефанзивци.

22-годишниот Виктор Велкоски во Победа доаѓа од прволигашот Скопје, каде беше стандарден првотимец во есенската полусезона каде пропушти само два натпревари. Велкоски е продукт на школата на Вардар, каде ги минал сите категгории, а настапувал уште за Пелистер во Првата и Љубанци во Втората лига.


19,5 годишниот Андреј Петкоски по неколку години се враќа во родниот Прилеп. По настапите за 11 Октомври и Кожув тој запишувајќи се во фудбалската академија во Скопје неколку години настапуваше и беше меѓу најзабележителните во школата на ФК Работнички. Минатата пролет настапуваше за тогашниот прволигаш Хоризонт Турново, а есенската полусезона за втролгашот Победа Валандово.

ФК Победа потврди дека поради некомплетна документација и проблеми на релација играч-претходен клуб се повлече од реализаицја на трансферот на српскот интернационалец Стефан Грбовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…