Еден од најдобрите голмани на светот, Јан Облак побарал трансфер од челниците на Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Како што пренесува „Марка“, Облак не е задоволен во Мадрид бидејќи Атлетико се уште не му понудил нов договор. Словенецот има договор до 2021 година според кој заработува „само“ 1,5 милиони евра по сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Облак наводно е во контакт со Манчестер Јунајтед кој го гледа како идеална замена за Де Геа. „Црвените ѓаволи“ наводно му понудиле и три пати поголема плата од актуелната.
Де Геа на лето влегува во последната сезона од договорот, па поради фактот што Шпанецот не сака да стави потпис на нов договор, Јунајтед ќе биде приморан да го продаде.
Облак во договорот со Атлетико Мадрид има откупна клаузула до 100 милиони евра која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.
Fancy an Oblak/De Gea swap deal, Manchester United fans? pic.twitter.com/0UGyqjY1Ly
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 14, 2018
https://youtu.be/0s3yqTLEyc8